X
 30.12.2023 Здравје

Колку би се зголемил животниот век на луѓето доколку воздухот е чист?

Сите знаат дека загадувањето на воздухот му штети на здравјето. Меѓутоа, тешко е да се проценат сите последици врз здравјето. Сепак, една мапа на „Вижуал капиталист“ се обидува да процени колку би се зголемил очекуваниот животен век на жителите доколку воздухот е чист.

Најголеми промени би забележале жителите на Индија, каде што просечниот животен век би се зголемил за околу 12 години доколку воздухот е чист.

Чистиот воздух би го зголемил животниот век во Бангладеш за околу 8 години, а во Пакистан и Непал за околу 7 години.

Според мапата, просечниот животен век во Македонија би се зголемил за 1-2 години доколку воздухот е чист.


Фото: Visual capitalist

Извор: Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје