X
 09.07.2020 Образование

Арслани: Не може да се прогнозира состојбата со коронавирусот, во септември треба да сме подготвени за различни сценарија

Арменд Арслани, заменик-министерот за здравство, на онлајн-дебата организирана од Факултети.мк и Деца.мк, истакна дека сега не може да се предвиди епидемиолшката состојба за од септември, па затоа неизвесно е дали и како ќе тргнат учениците на училиште.


- Но сепак, ние мора да бидеме и треба да сме подготвени за различни сценарија. Здравјето е наш врвен приоритет, а посебно кога се во прашање децата. Нема да се дозволи ризик по нивното здравје. Сите податоци се следат на дневна основа, мерките кои се преземаат се на дневна основа. Се очекува од септември да има и друг бран кој ќе биде покомплициран зашто тогаш дополнително ќе имаме и сезонски грип. Во моментот иако се дискутира многу за учениците и за децата во градинките, треба да се постапува и одлучува според тогашната епидемиолошка слика – рече Арслани.


Заминик министерката за образование, Елизабета Наумовска повтори дека во план е да се реализираат неколку сценарија од 1 септември, зависно од околностите.

- Отворни сме за идеи и за брзо да реагираме. Дадовме рок и време за јавна расправа. Сакаме после изборите да излеземе навремено пред родителите и наставниците, за училиштата да имаат време да се подготват. Бирото за развој на образованието треба да изготват нова методологија како да се реализираат онлајн-часови и на тоа се работи. Втор проблем е околу образовната технологија која сите знаеме во каква состојба е. Малку е вложувано во опремување на училиштата. Има опција и да се комбинира наставата во училница и дел да се учи од дома. Постојат повеќе модели, кој модел ќе се примени, ќе каже Комисијата за заразни болести и кризниот штаб – рече Наумовска.

А.П

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование