Едвард Сноуден има предупредување за сите што се борат со пандемијата на коронавирусот: не дозволувајте апсолутистите да ја искористат кризата за да добијат поголема моќ.
Сноуден истакна дека на подемот на вонредни закони, зголеменото набљудување и другите начини на кои владите ги суспендирале граѓанските права за да се справат со пандемијата гледа како на вознемирувачко зграпчување на моќта.
Тој додава дека не очекува лидерите што стојат зад тоа да се откажат од новонајдената моќ кога ќе стивне пандемијата на коронавирусот.
Сноуден додава дека глобалната пандемија била лесно предвидлива и дека научниците и разузнавачките агенции долго време алармирале. Воведувањето на новото вонредно следење, според него, е особено вознемирувачко.
- Како што се шири апсолутизмот, како што се множат вонредните закони, како што си ги жртвуваме правата, така ја жртвуваме и нашата способност да го запреме паѓањето во помалку либерален и помалку слободен свет - истакна Сноуден.
Тој се сомнева и дека некои лидери ќе ги користат вонредните мерки и по крајот на пандемијата.
- Дали навистина верувате дека кога првиот бран, вториот бран, 16-тиот бран на коронавирусот ќе бидат одамна заборавени, нема да се задржат овие способности. Дека овие сетови од податоци нема да бидат задржани? Без разлика како се користат, она што се гради е архитектура на притисок - вели тој.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: YouTube (printscreen)