X
 24.04.2020 Здравје

Коронавирус: Оздравени се 36 пациенти, новозаразени 26 - најмногу во Скопје

Денеска се оздравени 36 пациенти, од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 што се лекуваа во домашни услови, информира Министерството за здравство. 

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.326.
По градови:
Скопје – 451
Куманово - 355
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –131
Тетово – 69
Струга – 61
Велес – 62
Битола –18
Охрид –15
Кавадарци - 5
Гостивар –14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1
Валандово -1
Виница - 1

Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања за Ковид-19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје