X
 13.04.2022 Живот

Српски инфлуенсер бара по едно евро од следбениците за да си купи стан

Српскиот инфлуенсер Владимир Звекиќ отворил сметки на „Пејпал“ и „Пејтрион“ и ги повика своите следбеници да му уплатат по едно евро за да си купи стан.

Звекиќ во сторињата објаснува дека го нашол станот од соништата, но дека нема пари за него, па дошол до идеја да побара од нив да му уплатат по едно евро, со што ќе му го олеснат процесот на купување.

- Што да кажам, која порака да ја испратам. Пријатели, ако ова навистина профукнционира, ве викам сите на забава за вселување и ќе правиме циркус. Ќе го демолираме станот. Не знаете низ што поминав во животот и како живеев - напиша тој.


Инфлуенсерот додава дека злите јазици велат дека глуми жртва и им порача на следбениците, кои се повеќе од 300 илјади, дека сè уште е во неверување.

Потегот предизвика бура во српските медиуми, но и на социјалните мрежи и многумина го нападнаа затоа што решил својот сон да го оствари на полесниот пат.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот