Лос Анџелес доби уште една туристичка атракција, но таа е наменета само за оние што имаат над 20 илјади следбеници на „Инстаграм“.
(
Фото: Pixabay)
На авенијата „Мелроуз“ во западен
Холивуд е отворен мурал пред кој стои обезбедување, а само оние што имаат над 20 илјади следбеници на „Инстаграм“ ќе можат да се фотографираат пред него.
Дополнително, муралот е ограден за да не може „секој“ да го види.
На него се исцртани две ангелски крилја над кои пишува „Градот на ангелите“, а муралот предизвика голем гнев кај твитерџиите поради одредбата што ги дискриминира туристите што не се „инфлуенсери“ на „Инстаграм“.