Серијата „Господата“ (англ. „The Gentlemen“) се најде на првото место на најгледаните на „Нетфликс“ на глобално ниво, а на социјалните мрежи ја нарекуваат најдоброто нешто што стриминг-платформата го произвела во последно време.
Серијата е спиноф на истоимениот филм на Гај Ричи, а се најде на врвот на најгледани на „Нетфликс“.
Заплетот го следи Едвард Хорниман, отуѓениот син на англиски аристократ кој по смртта на неговиот татко неочекувано наследува имот од 15.000 хектари и титула војвода, додека истовремено е вклучен во криминалното лондонско подземје.
Во првата недела серијата беше гледана 81 милион часа со 12 милиони прегледи. Има 75 отсто поени на „Ротен томејтос“ и 51 отсто на „Метакритик“. На „IMDb“ има оцена од 7,8.
Судејќи според коментарите на мрежите, „Господата“ им се допаѓа на гледачите, а некои сметаат дека ова е најдобрата серија што „Нетфликс“ ја продуцирал во последно време.
Фото: Screenshot/YouTube