X
 13.04.2023 Живот

Туристички места на кои најчесто ги ограбуваат посетителите

Сигурно внимавате на вашиот паричник додека сте на популарна туристичка дестинација во странство. Постојат некои места во Европа на кои треба да бидете особено внимателни.

Според истражување спроведено од британската веб-страница „Квоут зоун“, најголеми се шансите да бидете ограбени на дестинации во Италија. Следуваат Франција и Холандија.

Истражувањето се засновало на сведоштва на британски патници. Иако Барселона често се смета за жариште на крадци, Шпанија не се наоѓа во првите пет најопасни европски земји.


Фото: Pixabay

Резултатите од истражувањето покажале дека римскиот Колосеум, Фонтаната Треви и Пантеон се места на кои многу туристи биле ограбени. Туристите треба да внимаваат на вообичаените измами кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Помеѓу најопасните дестинации се наоѓаат и миланската катедрала и галеријата „Уфици“ во Фиренца.

Франција се наоѓа на второто место со опасни дестинации. Како критично место се споменува Ајфеловата кула. Холандија е на трето место, а Германија е на четврто. Следуваат Грција, Шпанија и Португалија.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот