На 14 март имало 21.157 заразени лица од коронавирусот во Италија. Таа е втората најпогодена земја од коронавирусот според бројот на заразени лица, веднаш зад Кина. Досега има 1.441 починато лице од коронавирусот во Италија, а бројот многу се зголеми во последните неколку дена. Ватикан го потврди првиот случај на 6 март.
Бројот на заразени лица во Италија скокна од неколку стотици во третата недела на февруари до над 3.000 во првата недела од март, а веќе 10.000 на 10 март.
Фото: Pixabay
Големиот број случаи на заразени лица во Италија може да се објасни со зголемениот авионски сообраќај помеѓу Италија и Кина. Италија има најмногу авионски врски со Кина во Европа. Италија потпиша меморандум за разбирање со Кина на почетокот на јануари за да ги зголеми авионските врски помеѓу двете земјите со цел да се зголеми туризмот во земјите.
Било објавено дека ќе има 108 лета од Италија до Кина неделно. Во 2021 и 2022 ќе бидат воведени по 56 нови линии годишно.
Фото: Pixabay
Згора на тоа, италијанската влада постави строги мерки во северните региони на почетокот од ширењето на коронавирусот, но не и во останатиот дел од земјата.
Според сегашните процени,
Италија би можела да изгуби 8,3 милијарди долари од приходите што ги добива од туризмот како последица на коронавирусот. Поврзаните индустрии, како хотелите и рестораните, исто така ќе бидат погодени. Италија очекува и помал БДП во период од најмалку два месеца.
Владата најави дека ќе издвои околу 28,3 милијарди долари за соочување со последиците од ширењето на коронавирусот.
Автор: Правин Дуду
Извор:
pharmaceutical-technology.com