X
 11.10.2017 Технологија

Професија што е прва на удар од вештачката интелигенција

интелигенција
Фото: Pixabay

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а со понатамошен развој би можела да стане „егзистенцијална закана“ за новинарите, укажува американскиот институт „Фјучр тудеј“ во најновото истражување.

Институтот наведува дека постојат организации кои веќе користат вештачка интелигенција за пишување статии врз основа на податоци како што се спортските резултати или финансиските вести.

Во истражувањето се наведува дека развивањето на вештачката интелигенција ќе овозможи без директна интервенција на новинарите да се пишуваат новинарски статии врз основа на одредени податоци.

Според наводите на институтот, до 2030 година половина од интеракцијата помеѓу луѓето и компјутерите ќе биде гласовна, така што новинарот ќе ги „диктира“ податоците што подоцна компјутерот ќе ги преточи во текст.

Во истражувањето се додава дека на овој начин новинарите би биле исклучени од директниот процес на производство на текстови, што со дополнително развивање на технологијата би можело да доведе до егзистенцијална закана за иднината на новинарството.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија