X
 13.05.2023 Наука

Би се заштедиле милиони доколку првите астронаути на Марс се жени

Американската вселенска агенција НАСА планира да испрати луѓе на Марс во следната деценија, а првите астронаути на Марс може да бидат жени. Ново истражување покажало дека жените се подобар избор од мажите за да бидат први астронаути на Марс.

Истражувачи од Европската вселенска агенција заклучиле дека жените користат помалку кислород, произведуваат помалку јаглерод диоксид и јадат помалку храна од мажите. Била направена симулација на мисија која би траела 1.080 дена со четири жени-астронаути.

Било заклучено дека мисијата би заштедила 158 милиони долари доколку астронаутите се жени. Освен тоа, бидејќи жените ќе зафатат помалку простор во ракетата, би имало место за повеќе важна опрема.

Со оглед на тоа што патувањето до Марс би траело седум месеци, истражувачите бараат од вселенските агенции да ги земат предвид овие податоци.

Кога станува збор за досегашните мисии, само 72 од вкупно 622 луѓе што биле во вселената биле жени. Валентина Терешкова била првата жена која била во вселената во 1963 година.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука