X
 16.08.2018 Наука

Нова научна прогноза за климата во следните пет години

Минатите четири години беа најтоплите години некогаш забележани, но, според нова научна прогноза, и следните пет исто така ќе бидат невообичаено топли. Тоа може да вклучи уште една рекордно најтопла година, дури и потопла од 2016, која засега е рекордер.

- Утврдивме дека за следните пет години има голема веројатност за невообичаено топла клима споредено со невообичаено студена - истакна Флоријан Севелек, научник во францускиот Национален центар за научно истражување и коавтор на студијата објавена во „Нејчр комјуникејшнс“.

Земјата се затоплува, но ова не значи дека секоја година е потопла од претходната. Има генерален тренд на затоплување - а тоа значи дека секоја наредна деценија ќе биде потопла од претходната - но ќе има и многу промени меѓу одредени години во однос на тоа колку се топли.

Еден клучен фактор за годишната температура е она што научниците некогаш го нарекуваат „интерна променливост“ на климата, наспроти придонесот од стакленичките гасови ослободени од човекот.

Новата прогноза за периодот од 2018 до 2022 година доаѓа од проектирањето на тоа како ќе се одвива оваа внатрешна или природна променливост.

Во текот на глобалното затоплување во 2000 години, на пример, овие внатрешни фактори, како осцилациите на океаните, помогнаа планетата да остане малку поладна отколку што можеше да биде и го забавија темпото на затоплување.

Сега овие исти внатрешни фактори може да го направат спротивното, покажува новото истражување.

Студијата користи податоци од десет постојни модели или симулации на климатски промени за да одреди кои најдобро ја вршат работата на забележување како природните фактори придонесуваат за температурата на планетата. Тогаш прави проекции користејќи ги истите симулации за да види како овие фактори ќе се одвиваат во текот на следните пет години. Важно е да се напомене дека резултатот е прогноза заснована на веројатност, а не сигурен резултат.

Фото: Pixabay

Според студијата, има 58 отсто шанси дека генералната температура на Земјата од 2018 до 2022 година ќе биде невообичаено топла. За океаните процентот е 69.

Оваа година веќе се покажа како прилично топла, но не рекордно топла. Сè уште е рано да се каже каде ќе се смести оваа година според топлината. Според НАСА, 2016 година е најжешката година некогаш забележана, а потоа следуваат 2017, 2015 и 2014 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука