X
 13.05.2023 Култура

Излезе трејлер за „Мојата голема дебела грчка свадба 3“

Поминаа повеќе од 20 години откако Тула Портокалос се венча со Ијан Милер во „Мојата голема дебела грчка свадба“. Сега, по две децении и едно продолжение, семејството Портокалос се враќа на големите екрани во „Мојата голема дебела грчка свадба 3“.

Филмот е напишан и режиран од Нија Вардалос, која ја толкува главната улога. Во трејлерот може да се види дека Тула и семејството се на пат да ја остварат последната желба на нејзиниот починат татко, а тоа е да го посетат неговиот дом од детството.

Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 8 септември.


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура