X
 04.12.2016 Култура

Интересни скриени тајни во поп културата

Веројатно знаете дека во повеќето филмови постојат таканаречени „Easter eggs“ - ова се намерни внатрешни шеги или скриени пораки во филмовите, тв шоуата, книгите, уметноста и така натаму.

 

1


Секако, некои се лесни за пронаоѓање, а некои се екстремно паметни и комплицирани, така што е доста тешко да ги пронајдете.

Ви ги нудиме најдобрите.

„Year Zero“

 

4


Кога во 2007 година луѓето купувале маици на концертот на „Nine Inch Nails“, забележале случајни зацрнети букви во распоредот на турите, со што мислеле дека станува збор за лоша грешка во печатењето. Меѓутоа, буквите заедно правеле: „I am trying to believe“.

Поради некоја причина, фановите ја искористиле фразата како URL која ги однела на веб страна која тврдела дека владата сака да искористи седативи врз граѓаните, преку водата.

Кога граѓаните сакале да ја исконтактираат веб страната, им се појавувала порака: Пијам вода. А треба да пиеш и ти“.

Работите станале побизарни кога фановите забележале броеви на различна маица кои биле дел од телефонски број од Лос Анџелес.

Кога луѓето се јавиле на бројот, ја слушнале пораката „Претседателска адреса: Америка е повторно родена“, која брзо била проследена со песна од групата.

Набргу потоа, друг фан пронашол USB на концертот на кое имало песна која веднаш ја објавила на интернет. Во неа луѓето пронашле уште една веб страна која криела порака.

Сето ова било трик од текстописецот и пејачот на групата со цел да го промовира албумот „Year Zero“.

Подоцна било најдено уште едно USB, кое содржело друга песна, проследена со звукот на штурците.

Кога звукот бил ставен на спектограф, бил откриен телефонски број од Охајо. Дури 1.7 милиони луѓе се јавиле и откриле нова порака која дала други докази.

До моментот кога албумот бил промовиран во април 2008 година, дури 2.5 милиони луѓе ја посетиле една од 30-те веб страни кои биле искористени во целата „операција“.

„Goldeneye 007“

 

7


Уште од премиерата во 1997 година, оваа игра ги привлече луѓето ширум светот.

За кратко време луѓето открија незавршени нивоа, „Line Mode“ и можноста да играат како Шон Конери, Роџер Мур, Тимоти Далтон или Пирс Броснан.

Иако ова било откриено за кратко време, биле потребни 15 години за некој да ја открие најголемата тајна која ја криела видео играта. Еден фан открил емулатор за ZX Spectrum компјутер - 8 битен персонален компјутер објавен во Америка во 1982 година.

Девелоперот на играта Рер развил неколку игри за ZX Spectrum, и одлучил да вклучи 10 од неговите најомилени наслови скриени во касетата со играта. Според оние кои успеале да ја откријат играта, Рер работел на ZX Spectrum емулатор за Nintendo 64 во текот на истиот период со Goldeneye 007 и го вклучил кодот со цел да го тестира.

Наместо да го отстрани кодот кога била објавена играта, Рер едноставно го исклучил Spectrum емулаторот.

„The Departed“


Филмот на Мартин Скорсезе е вестерн римејк од филмот Internal Affairs од 2002 година, меѓутоа бил инспириран и од оригиналната верзија на Scarface.

Во Scarface, режисерот Хауард Хокс искористил неколку Х-ови во самиот филм за да ги обележи луѓето кои ќе умрат.

 

2


Скорсезе го направил истото - искористил X-ови во текот на филмот за ликовите чија судбина била да умрат. 

 

3

6

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура