Ветеран на британската армија и поранешен полицаец доби џек-пот од 10,2 милиони фунти, па добивката ја поделил со 10 соседи во неговото маало.
Британските медиуми објавуваат дека џек-потот од 10,2 милиони фунти е најголемата награда досега освоена во наградна игра во Шкотска.
Другите двајца најголеми победници на извлекувањето на 27 април освоиле по 680.000 фунти, а осум играчи освоиле по 340.000 фунти.
- Не знам како се чувствувам. Малку сум шокиран. Мислев дека 15.000 фунти или 5.000 фунти ќе бидат многу, но сега сум навистина изненаден - вели Дејвид, додека неговите соседи гласно прославувале за освоениот џек-пот.
Извор:
Bizlife.rs
Фото: Freepik