Министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите информира дека 7.600 вработени во јавното здравство што работат со ковид-пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.
- Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи што работат со ковид-пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничари, транспортери, технички лица што работат во тие одделенија каде што се лекуваат пациенти со Ковид-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари - истакна Филипче.
Фото: Министерство за здравство