Швајцарската банка и компанија за финансиски услуги – UBS (United Bank of Switzerland) во рамките на големото годишно истражување за цените и заработките, меѓу другото, се позанимавала и со цените на кафето во различни градови во светот.
(
Фото: Pixabay)
Истражувањето се осврнало на цената на една шолја кафе во вообичаено кафуле. Биле споредувани цени на шолја црно кафе со просечна големина, без млеко и без шеќер.
Главниот град на Катар,
Доха, се наоѓа на врвот на листата. Таму луѓето во просек мора да издвојат 5,47 евра за една шолја кафе.
Копенхаген е на второто место, а шолја од оваа топла напивка во престолнината на Данска изнесува 4,98 евра.
Во Дубаи една шолја кафе чини 4,87 евра, а во Цирих – 4,26 евра.
Потоа следуваат Шангај со 3,93 евра, Пекинг - 3,78 евра, Виена со 3,71 евра и Москва со 3,67 евра, додека кафето во Њујорк е нешто поевтино и чини 2,67 евра.
Поповолни цени имаат Њу Делхи, каде што шолја кафе чини 1,30 евро, Сао Пауло – 1,28 евро, Јоханесбург со 1,27 евро, Истанбул - 1,20 евро, Каиро - 1,15 евро и Милано - 1,14 евро.
Најповолни цени на
кафето има во Мумбај - 0,90 евра, Рим - 0,85 евра, Лисабон - 0,63 евра и Лагос - 0,53 евра.