X
 13.06.2018 Наука

Пчелите разбираат математика подобро од децата


Пчелите поседуваат математичка способност за која претходно се сметало дека постои само кај делфините, приматите, птиците и возрасните луѓе, покажува нова студија.


Пчела на цвет
(Фото: Pixabay)


Иако пчелите имаат многу мали мозоци, тие се меѓу најпаметните суштества на планетава. Научници од Австралија и од Франција сметаат дека пчелите знаат дека нулата е помала од единицата, докажувајќи дека можат да го разберат „концептот на ништото“.

Нивните мозоци се големи колку зрно сусам и имаат помалку од еден милион неврони – во споредба со 86.000 милиони колку што имаат луѓето.

„Нулата е малку потежок концепт за разбирање и математичка вештина што децата ја учат по неколку години“, истакнува професорот Адријан Дајер од Универзитетот RMIT во Мелбурн.

Во рамките на студијата истражувачите ги обучувале пчелите да ги рангираат бројните величини и да сфатат дека нулата му припаѓа на долниот крај од низата со броеви.

Тие ги тестирале пчелите така што ги учеле да изберат елемент со најмал број елементи, за да добијат награда – шеќер.

Истражувачката Скарлет Ховард ги привлекла пчелите на ѕид каде што им биле претставени два знака. Секој од нив имал различен број на црни симболи, а пчелите требало да изберат знак со најмал број.

Врз основа на оваа задача, тие научиле да изберат три елементи кога биле претставени во однос на четири, или два елементи кога биле претставени во однос на три.

Нивниот најважен тест бил кога им дале опција да изберат помеѓу картички со еден симбол и оние без симбол. Тие успеале да сфатат дека нулата е помала од единицата, наспроти тоа што никогаш не им биле прикажани празни картички.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука