X
 05.04.2021 Наука

Зошто пчелите зјапаат во цвеќињата откако ќе ги опрашат?

Пчелите имаат една смешна, но сепак прекрасна навика - тие зјапаат во цвеќињата откако ќе завршат со опрашувањето.

Дали ова е романтичен начин на покажување благодарност кон цвеќето? Зошто пчелите учествуваат во ваков чуден чин? Едно истражување било посветено на ова прашање и било утврдено дека поголемите пчели го правеле тоа почесто од помалите.

Со понатамошно истражување било утврдено дека пчелите се обидувале да ја запомнат локацијата на цвеќињата што ги опрашиле. Тие, всушност, си создавале слика од опкружувањето на цвеќето.

Ќе прашате зошто?

Затоа што ако некој цвет бил навистина добар извор на нектар, тие сакале да можат да му се навратат. Колку генијално!

Помалите пчели не го правеле тоа толку многу затоа што се премали за да носат многу нектар. Затоа тие имале задачи околу леглото и кога одат во потрага, го прават тоа во близина на леглото.



Извор: Interesting Engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука