Замислете шопинг со вашите пријатели каде при секоја нивна трансакција вие добивате дополнителни попусти и поени со вашата Cashback картичка? Звучи примамливо, нели?
Оваа практика му е позната на Славе Стефановиќ кој е веќе две години активен член на Cashback World. Безброј попусти, бонус поени и дополнителна заштеда при секое свое купување, но и при купувањата на своите пријатели, се само дел од придобивките од членување во Cashback, вели Славе.
Со Cashback World првпат се запознал во 2014 година и вели дека веднаш не ги увидел поволностите од собирање на поените што ги нуди програмата, меѓутоа подоцна сфатил дека со само мала промена на навиките при пазарувањето, може и повеќе од одлично да се заштеди, па така, во последниве две години тој е сѐ поактивен во семејството на Cashback.
„Купувањето и онака мораме да го правиме секојдневно, но доколку смениме само некои ситни навики и пазаруваме преку трговските партнери на Cashback, секој поен што го добиваме е многу значаен. Всушност, секој поен што го добиваме во вредност на заштедени 65 денари, голем број од трговците ги пресметуваат минимум 325 денари, а максимум 650 денари во дополнителни попусти. Со проста математика, преку користење на платформата на Cashback животот ни станува поевтин за околу 15%“, објаснува Славе.
Всушност, преку препорачување на платформата на Cashback кај своите пријатели, нивните пазарувања и вам ќе ви носат дополнителни попусти. Славе предностите ги има препорачано на близу 90 свои пријатели, кои денес му носат дополнителни придобивки, независно кај кои трговски партнери на Cashback пазарувале. А, кога сме веќе кај трговските партнери, Славе објаснува дека вашата картичка можете да ја користите буквално за сè во вашето секојдневие и на тој начин да заштедите. Негов најчест избор е за пазарување во некој од локалните маркети како Рептил, Веро или Гранап, како и за полнење гориво во автомобилот на бензинските станици на Макпетрол, но редовно собира поени и добива попусти и во Cafe Bar Trend, каде има можност да ужива во добар оброк, кафе и во одлична атмосфера, а притоа само со прикажување на Cashback картичката, добива апсолутно многу повеќе.
„Освен за локалните продавници и кафулиња, Cashback World ми помага да собирам поени и при пазарење на најпознатата онлајн шопинг платформа Aliexpress, како и при резервирање на моите патувања преку Booking, особено сега во пресрет на летните одмори, но и за секое друго патување“, додава тој.
На крајот, Славе Стефановиќ препорачува: Замислете 15% поевтина цена на сѐ што пазарувате и животот станува поедноставен. Затоа, не двоумете се: поканете ги вашите пријатели во Cashback World и заедно собирајте дополнителни предности од купувањата.
Сѐ што треба да направите е да се најавите онлајн на веб страницата на Cashback World и да го отворите формуларот Tell-a-friend, a потоа да испратите покана со известување до вашите пријатели кои сакате да ги препорачате. За крај, уживајте во попустите и дополнителните поволности од купувањата на вашите пријатели.
Сè уште не сте дел од Cashback World?
Погледнете како бесплатно да станете дел од најголемата шопинг заедница овде и уверете се зошто Cashback картичката треба да биде дел од вашиот паричник и вашите купувања!
(Комерцијална објава)