X
 06.12.2018 Живот

Пресметајте ги вашите „социјални поени“ и дознајте дали можете да бидете инфлуенсер

Ако некогаш сте сонувале да станете инфлуенсер и да заработувате многу пари од објавите на социјалните мрежи, тогаш прво мора да ги дознаете вашите „социјални поени“.

Можете да ги откриете бесплатно на веб-страницата „Кред“, која од вас бара да се логирате.

За да ги откриете вашите поени, потребно е да ги поврзете вашите профили на „Твитер“ и „Фејсбук“ со оваа веб-страница, а за возврат ќе дознаете дали имате потенцијал да станете инфлуенсер, а можеби веќе сте, но не го знаете тоа.

За да ви се пресмета кредибилитетот, страницата анализира милијарда твитови во последните 1.000 дена, а на нив се додава и фејсбук-акцијата. Вашите инфлуенсерски поени се опишуваат како способност да се инспирира некоја акција и се вреднува на скала од 0 до 1.000.

Важен параметар претставува и тоа колку често сте ретвитувани, споменати и следени на „Твитер“, додека анализата на „Фејсбук“ ги зема предвид интеракциите со вашите постови, лајкови, споделувања, па дури и покани на случувања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот