X
 13.06.2021 Наука

Дали оваа неверојатна фотографија е од планетата Земја или од Марс?

Црвената Планета, наречена така поради црвеникавата нијанса на нејзината оксидирана земја, многу се разликува од сино-зелената Земја.

Но, постојат делови од Земјата кои од вселената потсетуваат на површината на Марс. Токму ова го открил астронаутот на Европската вселенска агенција, Томас Пескет, додека ја фотографирал Земјата, која на почетокот од овој месец имала доста црвена боја.

- Нема облак на повидок, а на хоризонтот се протегаат црвена и окер-боја. Мислев дека орбитирам околу Марс кога го видов ова - напиша Пескет на неговиот фликер-профил, објавувајќи ја фотографијата што ја направил.

Но, постои едноставно објаснување зошто Земјата изгледа како Марс - затоа што гледаме на слична црвена почва во пустината. За жал, Пескет не кажува за која пустина станува збор, но според темните планински масиви, веројатно станува збор за планините Тибести кои се наоѓаат во Северна Африка.

1
Тенката атмосфера на Марс
Фото: (ESA/DLR/FU Berlin/J. Cowart/CC BY-SA 3.0 IGO)

Овие планини се дел од Сахара, пустина што зафаќа 31 отсто од целиот континент во Африка и која е добро позната по својот прекрасен портокалов песок.

Постои уште еден знак дека фотографијата е направена во орбитата на Земјата: атмосферата на Земјата е прекрасно живописно сина, многу посина од тенката атмосфера на Марс. Фотографијата на Пескет го покажува тоа синило на Земјата кое ја обвива црвената почва.

Но, сликата служи како потсетник дека и покрај 225 милиони километри што се наоѓаат меѓу Земјата и Марс, понекогаш овие два света се послични отколку што мислиме.

Две пријателски планети кои се вртат низ непознатиот универзум.

2
Фотографијата направена од Томас Пескет

Извор: Science Alert
Фото: ESA/NASA–T. Pesquet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука