Речиси сите млади денес сакаат да патуваат. Но, некои живеат за тоа. По дипломирањето се случува нешто што ги расипува плановите - вработување. Меѓутоа, без парите и не е возможно патувањето. Или не е така? Постојат некои професии кои нудат патување и средства. Следуваат некои идеи за заработка и патување низ светот.
Чување деца „au pair“
Ова е за оние кои сакаат деца, знаат како да се грижат за нив и сакаат да патуваат. Тоа е добар начин да запознаете семејства од повеќе земји, со кои може да живеете и да го усовршите јазикот. Оваа работа најчесто е добро платена, а обезбедени се и храната и сместувањето.
Сезонски работи
Постојат многу работи кои може да се работат низ целиот свет. Во секој град се бараат келнерки, работници итн, а доколку знаете англиски нема да барате многу работа во училишта за странски јазици.
Работа на брод
Бродовите, јахтите, крузерите секогаш се во потрага по луѓе, а платите најчесто се многу високи, а добивате и можност да патувате додека работите.
Инструктор/ка
Ова е широк поим, но само затоа што во рамки на него има многу можности. Дали сте особено добри во нешто? Можете да бидете инструктор по сурфање, јавање или јога?
Музичар/ка
Доколку свирите, и тоа на повеќе инструменти, сигурно може да договорите свирки во хотели, туристички места, барови, кафулиња, но и забави.
Туристички водич
За оваа работа се полага тест, но се исплати. Може да бидете водич во својата држава или во странство.
Непрофитни организации
Активизмот, волонтирањето, помагањето на заедницата - доколку ова ви звучи примамливо, станете дел од некоја организација со која може и да учествувате на проекти кои вклучуваат патување.
Дигитален номад
Многу работи денес се прават само со компјутер и интернет, а локацијата не е битна. Програмери, новинари, репортери, блогери, дизајнери, аниматори...