X
 28.03.2023 Живот

Најдолгото патување со автобус од Истанбул до Лондон трае 56 дена

Индиската компанија специјализирана за необични експедиции „Адвенчрс оверленд“ го организира најдолгото патување со автобус на светот.

Станува збор за 56-дневно патување за 30 патници кое ќе почне на 7 август годинава во Истанбул, а ќе заврши на 1 октомври во Лондон. Патувањето долго 12.000 километри ќе ги вози патниците низ 22 земји, од Истанбул, преку Балканот и Источна Европа, Скандинавија и Западна Европа до главниот град на Англија.

Луксузниот пакет чини околу 23.000 евра, а вклучува појадок, ручек и вечера во текот на патувањето, како и хотелско сместување.

Од компанијата велат дека патниците ќе патуваат во луксузен автобус кој е дизајниран за удобни долги патувања. Во него седиштата може да се приспособуваат, има доволно простор за нозете, а има и држачи за шишиња и чаши. Секој патник со себе може да понесе два големи куфери.

Според Гинисовата книга на рекорди, титулата за најдолго патување со автобус ја држи перуанската компанија „Ормењо“, која организира патување од 6.200 километри од Лима, Перу, до Рио де Жанеиро, Бразил. Патувањето трае повеќе од четири дена.

Извор: Punkufer
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот