X
 13.06.2023 Забава

Основал држава во пустина и се прогласил за султан

Радиодиџеј од Сан Диего се прогласил за султан на сопствената „држава“ сместена во пустина во Јужна Калифорнија.

Ренди Вилијамс ги посетил сите држави во светот што се признаени од Обединетите нации во период од една деценија. По патувањето тој одлучил да основа сопствена држава.

- Една од причините зошто ја основав Слоуџамастан беше затоа што по 193 земји, сакав 194-та - изјавил тој.

Главниот град на неговата држава е Дубландија и се наоѓа во средината на празна пустина, на простор од околу 4,5 хектари во Калифорнија, околу 160 километри од Сан Диего. Вилијамс сака неговата држава да биде позната како место за релаксација, каде што може да се ужива во добра музика и добри луѓе. Тој дури основал нова валута и подигнал споменик кој го слави основањето на државата.



Оваа држава, како и десетици други микронации низ светот, веројатно никогаш нема да биде признаена како суверена држава од другите земји. Сепак, Вилијамс открил дека добил стотици пораки од луѓе од целиот свет кои сакаат да се преселат во неговата држава. Овие луѓе може да извадат пасош од новата држава за само 50 долари, но тој е признаен од неколку други микронации кои не се суверени држави.

- Може да завршите в затвор доколку се обидете да поминете меѓународна граница со нашиот пасош, затоа ве молам не обидувајте се - порачал Вилијамс.



Тој се обидува да добие дипломатско признание од САД, што веројатно ќе биде тешко со оглед на тоа што неговата држава се наоѓа во сојузната американска држава Калифорнија.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Slowjamastan
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава