X
 19.12.2018 Живот

Што е тоа „држава“, низ речениците на мудрите луѓе?

Прочитајте ги мудрите изреки и цитати од познатите луѓе што зборувале за државата и нејзиниот однос кон народот. Што е тоа држава низ речениците на мудрите луѓе кои своевремено дале придонес со своите умни реченици.

1. Ако државата е силна, премногу нè оптоварува. Ако е слаба, пропаѓаме - Валери.

2. Ако Спарта и Рим исчезнале, која држава може да се надева дека ќе трае цело време - Жан Пол Сартр.

3. Најмногу закони има во најрасипаната држава - Корнелиј Тацит.

4. Слободата мисли дека може да постои единствено тогаш кога државата верува дека е сигурна - Бертранд Расел.

5. Во држава во која поголемиот дел од народот денгуби, не може да се родат значајни дела - Николо Макијавели.

6. Државата е создадена за човекот, а не човекот за државата - Алберт Ајнштајн.

7. Замисли да нема држава. Не е тешко да го направиш тоа. Нема да постои ништо што би убивало или умирало - Џон Ленон.

8. Државите, тоа не се територии, тоа е контрола над териториите - Пол Вирилио.

9. Единствена стабилна држава е онаа во која сите мажи се еднакви пред законот - Аристотел.

10. Кој може да управува со една жена, може да управува и со еден народ.

11. Јас сум горд што во мојата земја можам да плаќам данок. Работата е во тоа што би бил исто горд и кога би плаќал половина од тој износ - Артур Мортон Годфри.

12. Државата постои во корист на добриот живот на граѓаните, а не само во корист на животот - Аристотел.

13. 30 милиони долари потрошени на некој филм би можеле многу попаметно да се искористат - на пример за освојување некоја помала држава - Клинт Иствуд.

14. Човекот започнува онаму каде што државата завршува - Ниче.

15. Најдобра е онаа држава која на луѓето им посакува среќа и која знае како да ги направи среќни - Томас Б. Макалеј.

16. Државата ги има сите права, а човекот ги нема, наместо да биде обратно - Антун Густав Матош.

17. За да оцените една држава, погледнете ѝ ги затворите - Толстој.

18. Капитализмот е озаконет рекет на владејачката класа - Ал Капоне.

19. Државата ги убива народите - Маргуерите Јорценар.

20. Колку е помала државата, толку ѝ е подолга химната. Најкратка е англиската, а најдолга санмаринската - Ендре Ејди.

21. Спасот на државата не е во раката на еден човек - Цицерон.

22. Моќните држави секогаш се однесуваат како гангстери, а слабите како проститутки - Стенли Кјубрик.

23. Не е тешко да се уништи држава, тешко е да се постави на цврсти нозе - Пиндар.

24. Границите на довербата кои можат да се имаат во државата се одредени со нејзините интереси - Џорџ Вашингтон.

25. Ако сакаш да дознаеш каква е државата и нејзината управа, и каква ѝ е иднината, гледај да дознаеш колку во таа земја има невини луѓе по затворите, а колку престапници на слобода. Тоа најдобро ќе ти каже - Иво Андриќ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот