X
 06.09.2024 Живот

Доживеа крах, а потоа стана една од најбогатите земји: Не знае што да прави со парите

Република Ирска трета година по ред се соочува со истиот проблем, а прашање е како паметно да се искористи непланираниот вишок на пари во државниот буџет.

На тоа би ѝ позавиделе многу земји, но ирските власти велат дека не е лесна задача да се одлучи што да се прави со вишокот од 8,6 милијарди евра.

- Проблемот е што Ирска се бори да најде начин да ги претвори тие пари во работи што им се потребни на луѓето - коментира Џерард Брејди, главен економист во „Ајбек“, најголемото деловно лоби во земјата.

По повеќе од една деценија од колапсот што ги принуди ЕУ и ММФ да пристапат со заем од 67,5 милијарди евра и да наметнат контроверзна програма за штедење, оваа држава и понатаму е претпазлива бидејќи продолжува да штеди за пензиите и климатските и инфраструктурните предизвици.

Без разлика што денес околностите се многу попозитивни, економијата лани порасна петпати побрзо од очекуваното.

Земјата очекува дека во периодот од 2024 до 2027 година да „собере“ вкупно 38 милијарди евра вишок.

За преполната државна каса најисплатлив е приходот од данокот на добивка од светските компании со седиште во Ирска, главно во технологијата и фармацевтските производи.

Владата вели дека во 2023 година донела 23,8 милијарди евра, а годинава се очекува да донесе 24,5 милијарди евра. Но, владата е претпазлива бидејќи таквите приходи се само привремени, па сака да заштеди пари за времињата кога веќе нема да има ваков прилив.

Затоа повеќе од 100 милијарди евра се вишок во два државни фонда до 2035 година. Тие искористија дел од парите за враќање на долгот и со тоа го намалија соодносот на долгот кон БДП на нешто под 76 отсто, додека дел отидоа за финансирање на мерките за ковид-19 и поддршка на трошоците за живот.

Економистите сметаат дека штедењето долгорочно може да ѝ наштети на земјата бидејќи огромното богатство не се користи за решавање на инфраструктурни проблеми, а такви ги има многу.

Дополнителните милијарди би помогнале да се реши кризата со домувањето во земја каде растот на населението брзо ја надминува новата понуда, како и предизвиците со електричната мрежа, снабдувањето со вода, здравствените услуги и јавниот транспорт.

- Ретко кога на една земја ѝ е дадена ваква извонредна можност да го промени општеството - вели економистот Дејвид Меквилијамс.

Ема Хауард, предавач на Технолошкиот универзитет во Даблин, смета дека Ирска треба да фокусира дел од својот вишок на социјалните прашања.

Според Европската Унија, Ирска е најосамената земја во Европа, речиси една петтина од луѓето најчесто или цело време се чувствуваат осамено, а речиси две третини од луѓето страдаат од анксиозност или депресија.

Дополнително, едно од седум деца живее во домаќинство со помалку од 60 отсто од националниот просечен приход.

Добар начин да се претвори краткорочниот вишок пари во долгорочен прилив е да се поттикне претприемништвото. Или може да се користи за подобрување на системот за планирање и забрзување на процедурите за издавање дозволи.

Изградбата на куќите беше забрзана со текот на годините, но сепак е премногу бавна со оглед на потребите. На пример, новата национална детска болница работи далеку над предвиденото, предизвикувајќи вкупните трошоци да се зголемат четирикратно.

- Во моментов сме во многу, многу силна позиција. Се надеваме дека тоа нема да се претвори во катастрофа - вели Шејмус Кофи, претседател на Ирскиот советодавен совет за фискална политика.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот