X
 13.04.2016 Образование

Тестирајте го вашето познавање на англиски јазик: зборови кои имаат различно значење во В. Британија и САД

Разликата меѓу англискиот јазик кој се зборува во Велика Британија и САД не е само во акцентот или изговорот. Дали знаевте дека постојат многу зборови кои се исти на островот и преку океанот, а впрочем, имаат сосема различно значење во двете земји?


A jumper

Велика Британија: волнен џемпер
САД: лице кое извршило самоубиство со скок од зграда или мост

A rubber

Велика Британија: гума за бришење
САД: презерватив 

Nappy

Велика Британија: пелени за бебиња
САД: влакнест

The first floor

Велика Британија: прв кат над приземје
САД: приземје

Blinkers

Велика Британија: наочници за коњи
САД: трепкачи

A flapjack

Велика Британија: вид овесна каша
САД: вид палачинки

A geezer

Велика Британија: член на група, опасно момче
САД: постар човек

Homely

Велика Британија: за опишување удобен и мал дом
САД: за опишување лош човек

A hoo-ha

Велика Британија: неслога или кавга
САД: женски гениталии

A moot point

Велика Британија: нешто што предизвикува расправа
САД: нешто нерелевантно

Nervy


Велика Британија: личност која често се нервира
САД: самоуверен

Peckish

Велика Британија: благо гладен
САД: раздразлив или налутен

A run-in

Велика Британија: крај на еден век
САД: неслога или контроверзија

Shattered

Велика Британија: исцрпен
САД: емотивно исцрпен

Solicitor

Велика Британија: правен застапник
САД: продавач по куќи


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование