X
 13.07.2022 Живот

За да се заштеди, Австрија препорачува туширање, а не капење

Граѓаните да се тушираат, а не да се капат. Тоа е една од препораките на австриското Министерство за енергетика со цел да се заштеди енергија.

- Руската агресија на Украина нè носи пред нови предизвици. Поболно од кога и да е, ја чувствуваме долгогодишната зависност од рускиот гас и тоа не само по паричниците. За да се промени тоа, потребно е, од една страна, да ги прошириме изворите на обновлива енергија, а истовремено и секој да го даде својот придонес во штедење енергија. Само мали промени во секојдневието може да донесат големи разлики и да се помогне во штедењето - посочија од Министерството.

Во објавата на социјалните мрежи, на граѓаните им се препорачува да се тушираат наместо да се капат.

- За полна када потребни се 80 до 150 литри топла вода, а со туширање се трошат само 20 до 50 литри. Со тоа, туширањето штеди многу енергија - наведуваат од Министерството.

Се препорачува електронските уреди да се исклучуваат, односно да не бидат на стендбај.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот