X
 13.07.2023 Живот

Маск лансира стартап за развој на вештачка интелигенција

Илон Маск денеска го лансира долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција xAI, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за „Чет-ГПТ“.
Стартапот ќе биде предводен од Маск, кој е извршен директор на „Тесла“ и сопственик на „Твитер“ и кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира.

-Го објавувам основањето на @xAI за да се разбере реалноста - напиша Маск на „Твитер“.

Во стартап-тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на Дип мајнд, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл и Грег Јанг, кој работел за Мајкрософт.

Маск е единствен директор, а Џеред Бирчал, управниот директор на неговата семејна канцеларија, е секретар.
Милијардерот во април изјави дека ќе основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција што ќе се залага за вистината што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.

Генеративната вештачка интелигенција дојде во центарот на вниманието откако OpenAI го лансира популарниот чет-бот „Чет-ГПТ“ во ноември минатата година, пред Бард и Бинг.

Новата компанија на Маск е одвоена од X Corp, но тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот