Приватни компании како „Спејс Екс“ или „Линк Спејс“ сакаат драматично да ги намалат трошоците и да ја зголемат ефикасноста така што ќе ги направат ракетите употребливи повеќепати.
Некогаш САД и Русија се натпреваруваа кој може прв да стаса до вселената. Сега сите сакаме да видиме кој може да оди и да се врати од вселената на најпаметниот и најеколошкиот начин. „Линк Спејс“, кинески натпреварувач во трката за правење на ракетната технологија попријателска за корисниците и за џебот, успешно го заврши третото тестирање на одржлива ракета.
Просечната цена за лансирање мала ракета е меѓу 25 и 30 милиони долари и сè уште мора да се прати преку летало на висока алтитуда. „Линк Спејс“ сака да направи нешто што чини не повеќе од 4,25 милиони долари, може да се лансира од земјата и што е најважно, да може да се искористи и втор пат.
Ракетата „РЛВ-Т5“ достигнала висина од 300 метри и се вратила назад на местото на лансирање за само 50 секунди откако ја напуштила пустинската земја на западен Ќингхај. Од кинеската компанија се надеваат дека ќе го надминат овој перформанс со „РЛВ-Т16“, која може да оди многу повисоко. Процените се дека таа ракета ќе може да достигне висина од околу 150 километри во текот на следната
година.
„Фалкон 9“, од програмата „Спејс Екс“, е коренот на трката за ракети што може одново да се користат, а која моментално се одвива меѓу инженерските компании, како приватни така и јавни, во Кина, Европа, Јапонија, Русија и во САД. Орбиталните мисии беа успешно завршувани од ракетите „Фалкон 9“ во текот на повеќе од една деценија и другите приватни компании сè повеќе се обидуваат да ја подобрат технологијата.
Погледнете го слетувањето на „Фалкон 9“ на ова видео за да видите како изгледа во реалноста повторното користење на ракетата.
Намалувањето на трошоците за лансирање на ракета за 70 или повеќе проценти не е единствениот фактор што ги води овие компании кон забрзан развој. Комерцијалното користење за распоредување сателити од овој тип би можело да донесе револуција во однос на покриеноста со интернет во руралните средини, на системите за менаџирање со пратки и дури и во однос на сообраќајот на Земјата.
Фото: Screenshot/YouTube