X
 07.01.2024 Технологија

Алтернативи на „Чет-ГПТ“ кои вреди да се пробаат

Алатката за вештачка интелигенција „Чет-ГПТ“ на компанијата „Опен АИ“ годинава стана добро познато име низ светот. Многумина ја користат оваа алатка во работата и при учењето. Но, ова не е единствена таква алатка за вештачка интелигенција. „Форбс“ направи листа со слични алатки кои вреди да се погледнат.

Бард

„Гугл“ го претстави чет-ботот „Бард“ оваа година. Оваа алатка може да врши и логички, математички и програмерски задачи и е достапна бесплатно насекаде низ светот.

Мајкрософт копајлот АИ

Оваа алатка е достапна од ноември 2023 г. Софтверот е вклучен во повеќе производи на „Мајкрософт“, вклучувајќи го и прелистувачот „Бинг“.

Кликап

Станува збор за алатка за вештачка интелигенција која им помага на корисниците побрзо и подобро да пишуваат. Алатката може да се користи за секакви намени, како пишување електронски пораки, правење презентации или откривање нови идеи. Таа има бесплатна основна верзија, а се наплаќа за повеќе опции.

Отер АИ

Оваа алатка се фокусира повеќе на транскрипција отколку на создавање содржина. Алатката нуди транскрипција од говор во текст со помош на вештачка интелигенција и машинско учење. Потоа, алатката може да ги искористи овие реченици за да пишува белешки и коментари.

Четсоник

Алатката е директно поврзана со пребарувачот на „Гугл“ и е многу слична на „Чет-ГПТ“. Таа е чет-бот кој комуницира со корисниците и им помага со разни задачи, а може и да создава слики.

Амазон коудвисперер

Алатката создава код со помош на машинско учење. Таа создава предлози за код и цели функции врз основа на коментарите на корисникот и постојниот код.

Извор: Forbes
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија