X
 13.07.2023 Култура

Оваа серија на „Нетфликс“ веќе две недели е на првото место по гледаност

Додека „Нетфликс“ нема рангирање на најпопуларните содржини специјализирани за Македонија, една серија се издвои на листата со најгледани, а тоа е третата сезона на „Вештерот“.

Во својата втора недела по премиерата на 29 јуни, третата сезона на „Вештерот“ се чини дека остави добар впечаток кај гледачите. Според „Нетфликс“, популарната серија повторно го зазеде првото место на глобалната топ-10 листа со серии на англиски јазик, втора недела по ред.

Со неверојатни 13,8 милиони прегледи (што е еквивалент на 66,5 милиони часа гледање, поделено со времето на траење на серијата), „Вештерот“ доминираше во неделата, од 3 јули. На второ место е втората сезона на „Адвокатот Линколн“, која собра импресивни 7,4 милиони прегледи.

Третата сезона на „Вештерот“ служи како соодветен и херојски крај за Хенри Кавил, кој го толкуваше ликот на Гералт од премиерата на серијата во 2019 година. Минатата година актерот објави дека ја напушта серијата за да работи на други проекти. Во четвртата сезона улогата на Герлат ќе ја преземе Лијам Хемсворт.

 

Извор: Klix.ba
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура