Фановите на „Црно огледало“ сметаат дека една од епизодите од најновата сезона на серијата содржи една од најтемните и највознемирувачки завршници досега.
На 15 јуни на „Нетфликс“ премиерно беа прикажани новите епизоди од дистописката серија на Чарли Брукер. Шестата сезона веќе е поздравена од обожавателите како најнепредвидливата и неочекуваната сезона досега.
Сите епизоди се непредвидливи и мрачни, меѓутоа епизодата насловена како „Beyond The Sea“ со Арон Пол и Џош Хартнет, е меѓу омилените на обожавателите.
Епизодата, сместена во алтернативна 1969 година, следи двајца мажи на опасна високотехнолошка мисија кои се борат со последиците од незамислива трагедија.
Интересно е тоа што фановите велат дека епизодата е една од најтемните изданија на „Црно огледало“ досега.
- Не можам ни да се фокусирам на следната епизода по „Beyond the Sea“, бидејќи не можам да размислувам за ништо друго - пишува еден твитер-корисник.
- Старата добра серија. Колку повеќе ја гледате, толку повеќе ви станува непријатно - вели друг твитер-корисник.
Сепак, многу гледачи веруваат дека иако оваа епизода е добра, на серијата ѝ недстасува нешто посебно.
- Оваа сезона на „Црно огледало“ е повеќе поврзана со човечката природа отколку за опасната технологија - пишува еден обожавател.
Извор:
Unilad.com
Фото: Screenshot/YouTube