X
 13.08.2016 Живот

Моќта на позитивните воспитни пораки

Правилата за успешна комуникација е еден од најголемите испити кои родителите треба да ги „положат“ со своите деца. Децата се ранливи, не познаваат многу аспекти на комуникацијата. Затоа, потребно е трпение, љубов и разбирање, доколку сакате правилно да го воспитате вашето дете.

1. Покажете чувства - Не е тешко да се каже те сакам. Иако вашите деца тоа го знаат и чувствуваат дека се сакани, немојте да се двоумите да им кажете што чувствувате.

2. Те сакам, но... - Ако сакате да му го одвлечете вниманието на вашето дете, кажете му некоја позитивна порака, па потоа она со кое сакате да му го одвлечете вниманието - те сакам најмногу и секогаш ќе те сакам, но сакам да знаеш дека ова што го направи не е убаво. Целта на овие пораки е детето да сфати дека критикувањето на неговото однесување не значи дека го критикувате него како личност. Сепак, не претерувајте, бидејќи ако со секоја изјава за љубовта го поврзувате зборот „но“, вашето дете нема да верува дека сте искрени.

3. Признајте ја грешката -
Никој не е совршен. Иако вашето дете ви верува најмногу, немојте ни поради себе ни поради неговите идни грешки да му дадете слика дека сте совршени и безгрешни. Признајте дека сте згрешиле, разговарајте за тоа. На тој начин му покажувате дека може да ги прифати и анализира своите грешки.

4. Прегратка - Можете да зборувате што сакате, ако ве издаде телото. Изразите на лицето и вашиот став ве издаваат повеќе отколку што мислите. Понекогаш, кога детето има напад на бес, наместо да викате, подобро би било само силно да го прегрните.

5. Оставете го да ги покаже чувствата - Без оглед што ви пречи детскиот плач или бес, сфатете дека и децата имаат подеднакво право да ги изразуваат сопствените чувства. Нив им е потешко бидејќи се'уште не научиле како да ги контролираат. Затоа оставете ги децата да ги изразат сопствените чувства и да ги препознаат. Ако детето се лути на вашите забрани, кажете му дека сфаќате зошто се лути, но дека вие не ја менувате вашата одлука.

6. Молба наместо наредба - „Собери ги играчките, само фрлаш, не правиш ништо друго“ - ова често го кажуваме со наредувачки тон, кога сме нервозни. Но, децата многу подобро ќе реагираат ако од нив побарате помош и ги замолите да ги соберат играчките или да направат нешто друго. Со овој став ќе ја поттикнете нивната самодоверба.

7. Признајте кога нешто не знаете -
Иако во очите на вашето дете сте многу паметни, знаете се' и им сте идол, признајте му кога некогаш немате одговор.

8. Тука сум за тебе -
Механичкото одговарање на детето додека работите нешто друго сигурно не е начин на кој тоа го замислува времето со вас. Некогаш е потребно да оставите се' настрана и да му се посветите на детето. Секако, тоа не значи дека не треба да разговарате со децата додека го приготвувате ручекот, само понекогаш мора да имате време кое ќе биде издвоено за нив. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот