X
 13.08.2018 Наука

НАСА конечно ја лансираше соларната сонда „Паркер“ (ВИДЕО)

По неколку одлагања, американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) вчера од центарот Кејп Канаверал ја лансира соларната сонда „Паркер“.

„Паркер“ треба да се доближи на најмало растојание до Сонцето досега, прелетувајќи низ надворешната Сончева атмосфера, која беше видлива за време на целосното затемнување на Сонцето во август минатата година.

Предвидено е сондата да се доближи на шест милиони километри до површината на Сонцето, со што ќе им овозможи на научниците да соберат нови податоци за Сонцето.

По лансирањето на сондата научникот од Институтот „Џонс Хопкинс“, Никола Фокс, на Твитер објави: „Летај девојко, летај“, порачувајќи дека таа „оди да го допре Сонцето“.

По неколку одлагања поради проблеми со ракетата, НАСА првично го закажа лансирањето на „Паркер“ за саботата, но тоа беше откажано на 55 секунди пред планираното полетување поради технички причини.

Мисијата на сондата „Паркер“ ќе чини 1,5 милион долари.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука