X
 13.08.2018 Живот

Писмото за Роза Луксембург

Роза Луксембург е една од најважните и најкреативните социјалистички писателки и марксистки воопшто – и е најважната авторка во женскиот дел од теоретскиот свет кој се занимава со радикалната социјална филозофија, политичка теорија и критиката на политичката економија. Докторирала во 1897 година во Цирих на тема за индустрискиот развој на Полска, а тезата ја објавила следната година во Лајпциг. Работата да биде уште поопскурна, и покрај фактот дека за Полјаците, Роза Луксембург денес воопшто не постои, тешко дека можеме да говориме за некој текст кој нуди подобри основи за проучување на историјата на Полска и нејзиниот економски развој. Таа во Полска е избришана, игнорирана, премолчувана, како што тоа го наложуваат веќе вградените патишта на ревизионизмот.

Роза била убиена во Берлин во 1919 година, а во 2015 година Џон Бергер ѝ го напишал ова писмо.

-Роза! Те познавам од детството, а сега сум двојно постар отколку што беше ти кога до смрт те претепаа во јануари 1919 година, неколку недели откако ти и Карл Либкнехт ја основавте Комунистичката партија на Германија.

роза

Често извираш од страниците што ги читам - а понекогаш и од страниците што се обидувам да ги напишам - ми се придружуваш кимајќи со главата и насмевнувајќи се. Ниедна страница и ниедна од затворските ќелии во кои повеќе пати те ставаа никогаш не можеа да те заробат.

Сакам нешто да ти испратам. Пред да го добијам, предметот се наоѓал во полскиот град Замошќ, југоисточна Полска. Во градот во кој си родена и во кој твојот татко тргувал со дрва. Но не е само таа врска со тебе, не е толку едноставно.

Овој предмет ѝ припаѓал на мојата пријателка Јанина, Полјачка. Таа живеела сама, не на луксузниот главен плоштад, како ти во текот на првите две години од твојот живот, туку во куќа во преградието.

Куќата на Јанина и градината биле полни со растенија и саксии. Растенијата и саксиите се наоѓале дури и на подот на спалната соба. А кога ќе ја посетел гостин, најмногу од сѐ сакала да ги покажува вистинските карактеристики на секое нејзино растение. Тие ѝ правеле друштво. Со нив озборувала и се шегувала.

Иако не зборувам полски, во Полска се чувствувам како да сум дома, повеќе отколку во која било друга европска земја. Со тие луѓе делам нешто што е веројатно нивниот предок на приоритети. Експерти се за заобиколување на препреките. Постојано измислуваат планови како да се извлечат. Почитуваат тајни. Долго помнат. Прават чорба од див зајак. Сакаат да бидат весели.

Кажуваш нешто слично во едно од твоите лута писма од затворот. Самосожалувањето отсекогаш те лутеше и кога некој од твоите пријатели ќе се жалеше, ти одговараше: -Биди човечко суштество, поважно е од сѐ друго. А тоа значи да бидеш цврст и јасен и весел. Да, весел и покрај сѐ и што било, затоа што работа на кукавиците е да бидат слаби. Да се биде човечко суштество значи радосно да го ставиш твојот живот на големата вага на судбината, ако така мора да биде, и истовремено да се радуваш со светлината на секој ден и убавината на секој облак.

Во Полска неодамна се разви нов занает што се нарекува „стацз“, што значи заземање место. Некој му плаќа на маж или жена да стои во ред и после многу време, кога „стацз“ ќе се приближи до почетокот на редот, го зазема неговото место. Редовите можат да бидат за храна, кујнски прибор, некој вид дозвола, државен печат за документ, шеќер, гумени чизми...

Полјаците смислуваат разни нешта за заобиколување на препреките.

Во раните 70-ти години мојата пријателка Јанина одлучила да оди со воз во Москва, како што правеле неколкумина од нејзините соседи. Не била лесна одлука. Само една година пред тоа, во 1970 година, се случи масакр во Гдањск и на други места каде што полските војници и полицијата, по наредба на Москва, убија повеќе од сто работници, штрајкувачи во бродоградилиштата. Ти тоа го предвиде, Роза, и опасностите што се содржеа во болшевичкиот начин на пресметки. Го предвиде тоа уште во 1918 година во коментар за Руската револуција.

- Слободата само за оние на власт, само за членовите на Партијата - иако ги има многу - воопшто не е слобода. Слободата е секогаш слобода за оној што мисли различно. Не поради некој фанатичен поим за правда, туку затоа што сѐ што е поучно, здраво и прочистувачко во политичката слобода се темели на основната карактеристика и што дејството на слободата исчезнува кога слободата станува посебна привилегија.

Јанина заминала со воз во Москва да купи злато. Таму златото чинеше трипати помалку отколку во Полска. Кога ја поминала белоруската станица, нашла уличка во која овластен златар продавал прстени. Во долгиот ред пред златарницата веќе стоеле купувачи што сакале да купат злато. Заради одржување на редот и мирот, секоја жена во својата дланка имала број напишан со креда што го означувало нејзиното место во редот. Броевите ги пишувал еден полицаец. Кога на крајот стигнала до тезгата, Јанина ги дала подготвените рубли и купила три златни прстени.

На патот кон станицата го забележала предметот што сакам да ти го испратам тебе, Роза. Ја чинел малку, но ѝ ја скокотнала имагинацијата.

На враќање морала долго да го чека својот воз. Јанина ставила еден прстен на прстот од левата рака, а другите два ги скрила на интимните места. Кога влегла во возот, еден војник ѝ понудил седиште во ќошот. Јанина воздивнала: ќе може да спие. На граница немала проблеми.

Во Замошќ ги продала прстените по двапати повисока цена од онаа што ги купила, но за многу пониска цена од она во полските продавници. Кога ги одбила трошоците за пат, таа имала мал профит.

Предметот што сакам да ти го подарам го ставила на кујнскиот прозорец. Може да се каже дека предметот има нешто енциклопедиско во него. Тоа е кутија од тенок картон, голема колку еден лист хартија преклопен четири пати. На капакот има графика во боја што прикажува птица под која пишува два збора на руски: птица врабец. Кога ќе се отвори капакот, во кутијата има три реда кутии кибрит, шест кутии во секој ред. Секоја кутија има етикета со обоен цртеж од друга птица. 18 различни птици. А под секоја слика со многу ситни букви е напишано името на птиците на руски. Бидејќи неуморно пишуваше на руски, полски и германски, ти би можела да прочиташ. Јас не можам: само ги годам врз основа на матните сеќавања на повременото набљудување на птиците.

Задоволството во препознавање на живите птици што летаат над тебе или исчезнува во грмушките е неверојатно, нели? Во сето тоа има некоја необична, моментална блискост, како во тој момент на препознавање да ѝ се обраќаш на птицата.

Од 18-те птици на етикетите, познавам можеби 5.

Кутиите се полни со кибритчиња со зелени глави. 60 во секоја кутија. Исто како секундите во минутата и минутите во часот. Секој кибрит е потенцијален пламен.

-Модерната пролетерска класа - пишуваше - не ја води својата борба по план ставен во некоја книга или теорија: борбата на модерниот работник е дел од историјата, дел од општествениот напредок и во средината на историјата, во средината на просперитетот ние учиме како да се бориме.

На капакот од картонската кутија стои и кратка белешка, објаснување за колекционерите на кутии за кибрит во СССР во 70-тите.

Белешката ги дава следните информации: -Во еволуцијата, птиците им претходат на животните. Денес во светот постојат околу 5.000 видови птици. Во Советскиот Сојуз има околу 400 видови врапци. Главно мажјаци. Птиците врапци имаат посебно развиени гласни жици во дното на гркланот; обично се гнездат во грмушки, на дрвјата или на земја. Корисни се во одгледувањето житни култури затоа што јадат, и на тој начин отстрануваат, голем број инсекти. Неодамна, во најоддалечените региони на Советскиот Сојуз беа идентификувани три нови вида птици.

Јанина ја чуваше кутијата на зимскиот прозорец. Ја полнеше со задоволство на зима бидејќи ја потсетуваше на птичјата песна.

Кога беше во затвор поради жестокото противење во врска со Првата светска војна, секогаш ја слушаше птицата од видот модроглава сипка што секогаш стоела близу прозорецот, а доаѓала со другите птици по храна и вредно ја пеела нејзината чудна песна, чи-чи-бе, како немирно детско џагорење.

-Секогаш ѝ се смеев и одговарав со ист повик. На почетокот на овој месец исчезна со другите птици, сигурно на друго место направила гнездо. Не ја имам слушнато со недели. Наеднаш, вчера, добро познатите ноти дојдоа од другата страна на ѕидот што нашиот двор го делеше со другиот дел од затворот, но песната беше значително променета бидејќи птицата се слушаше три пати со ред, со мала пауза; чи-чи-бе, чи-чи-бе, чи-чи бе и тогаш ќе завладееше тишина. Тој повик ми продре во срцето бидејќи ми пренесуваше многу - целата историја на животот на птицата - пишуваше ти, Роза, во твоите писма.

По неколку недели Јанина одлучи да ја стави кутијата во плакарот под скалите. Тој плакар ѝ нудел еден вид засолниште, слично како подрумот и во него чувала сѐ што нарекувала свои резерви: метални кутии, кутии за шеќер, кутии за брашно и слично. Повеќето полски домаќинки имале такви резерви како минимално средство за егзистенција за деновите кога полиците во продавниците ќе останеле празни.

Следната таква криза настапила во 1980 година и тоа во Гдањск, каде што работниците штрајкувале против поскапувањето на храната, а потоа од нивните протести се роди Движењето за солидарност што успеа да ја падне владата.

Модерната пролетерска класа - пишуваше ти - не ја води својата борба по план ставен во некоја книга или теорија: борбата на модерниот работник е дел од историјата, дел од општествениот напредок и во средината на историјата, во средината на просперитетот ние учиме како да се бориме.

Кога Јанина починала во 2010 година, нејзиниот син Витек ја пронашол кутијата во плакарот под скалите и ја донел во Пазир, каде што работел како водоинсталатер и ѕидар. Ја зел кутијата со себе и ми ја даде мене. Ние сме стари пријатели.

Препознав многу птици во кутијата.

-Малиот пријател, чија слика ти  ја испраќам, е најмногу заслужен затоа што си го вратив разумот. Овој другар со подигнат клун, високо стрмно чело и око како сезнајко се вика Хиполаис Хиполаис, а на обичен јазик се нарекува подбивна птица - пишуваш Роза во 1917 година додека беше во затворот во Познањ.

-Птицата е вистинско чудо. Не пее само една песна, ни само една мелодија како другите птици; Бог ѝ дал дар да држи говори, беседи, да ѝ се обраќа на градината и тоа го прави многу гласно, драматично и возбудено. Поставува најневеројатни прашања, а потоа брза да одговори на нив со бесмислици, изнесува најсмели тврдења, остро ги оспорува ставовите што никој не ги кажал, се залетува низ широко отворени врати, а потоа одеднаш триумфално извикува: -Што ти реков? Што ти реков? Веднаш потоа свечено го предупредува секој, без разлика дали сака да слуша или не: -Ќе видиш! Ќе видиш!

Како да ти ја испратам оваа збирка кибрити? Бидејќи крволочно те убија, злосторниците го фрлија твоето тело во еден берлински канал. Пронајдено е во вода три месеци подоцна. Некои не верувале дека тоа е твоето тело.

Можам да ти ја испратам пишувајќи ти, во овие мрачни времиња, низ овие страници.

-Бев, сум и ќе бидам! - рече еднаш. Живееш во својот пример за нас, Роза. Ете како ќе го испратам: го испраќам ова преку твојот пример.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот