Само една година откако Русија стави ембарго на увозот на храна од Европската унија, полските произведувачи постигнуваат рекорди во извозот. Малкумина го очекуваа ова.
„Ако сакаш да му се спротиставиш на Путин, јади јаболка и пиј вино од јаболка“, им порачал уредникот на весникот „Puls biznesu“ Џорџ Новацки изминатата година. Тоа бил негов одговор на руската забрана на увоз на храна од ЕУ, што беше одговор на претходно наметнатите санкции на Европската унија на Русија.
За само два дена по овој повик, меѓу корисниците на социјалните мрежи се ширел хаштагот #jedzjablka („јади јаболка“). Стотина луѓе објавиле фотографии со јаболки за да ја покажат солидарноста за земјоделците.
Руската забрана на увоз
беше прогласена на 6 август во 2014 година, а истата веднаш станала ударна тема во полските медиуми, најмногу затоа што Полска е многу заинтересирана за конфликтот со Украина, кој се случува позади нивната источна граница. Многу жители сметаат дека Русија ги загрозува. Освен тоа, ембаргото тешко ги погодило полските овоштари, а особено оние кои се занимаваат со производство на јаболки.
Дотогаш, 70% од извозот на овошје од Полска бил наменет за Русија, а Полска е еден од најголемите производители на јаболка и јаболкови сокови во Европа. На почетокот, овоштарите морале да ги намалуваат цените, но од март годинава ситуацијата се подобрила и продажбата се зголемила за 47% во однос на изминатата година.
Истовремено, ситуацијата во Русија не се променила многу. Ембаргото на увозот на овошје, месо, млечни производи, риба, морски плодови од ЕУ е продолжен за уште половина година. Забранет е и увозот на цвеќе од Полска, Холандија, Литванија, Словачка, Чешка, Италија и Германија.