X
 15.06.2020 Живот

Летовите на „Визер“ од и до Македонија суспендирани до 13 јули

Како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија, „Визер“ реши да ја продолжи суспензијата на сите летови до 13 јули.

- Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе му бидат автоматски префрлени на Wizz сметката на корисникот и ќе може да ги искористи во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците што направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн-туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети - соопштија од нискобуџетната авиокомпанија.


Насловна фотографија: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот