X
 13.08.2019 Живот

Температурата на Дојранското Езеро 30,8 степени, а на Охридското 26

За околу два степена се зголемени температурите на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро попладнево во споредба со утринава.

Според последните мерења на УХМР во 13:30 часот, температурата на водата на Охридското Езеро е 26 степени, а утрово била 23,5, на Преспанското е 27, а била 25,5, додека на Дојранското изнесува 30,8 степени, а била 29.

Како што велат од Секторот за хидрологија, Дојранското Езеро е поплитко, па затоа и полесно се загрева. Оттука и природно е да има повисока температура.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот