X
 13.08.2019 Живот

Во Србија од 2021 година возилата ќе мора да поседуваат катализатор

Возилата на патиштата во Србија од 2021 година ќе треба да имаат катализатор, јавија српски медиуми.

Техничкиот преглед на возилото од летото 2021 година, како што објаснуваат, ќе ги задолжи српските државјани да имаат катализатори во автомобилите, наведувајќи дека тој дел е неизбежен од системот за издувни гасови на секое ново возило во последните десет години.

Причината лежи во пропишаните еколошки стандарди за составот на издувните гасови што возилата мора да ги исполнат.

Употребата на катализатори е најефективниот метод за отстранување на штетните гасови, а нивната ефикасност е околу 90 проценти.

Во мај 2020 година ќе се спроведе одредба со која ќе се санкционира пречекорување на дозволено ниво на издувни гасови, со примена од 5 јули 2021 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот