X
 21.10.2016 Образование

Писмената задача на српски средношколец: Со дипломата можеш да бришеш прашина!

Писмена задача на 16-годишен средношколец од Србија, кој ја опишал состојбата во земјата.

 

 

 


Неговата писмена задача со наслов „Седам на страна и набљудувам“ (која е оценета како одлична) ви ја пренесуваме во целост :


„Седам настрана и набљудувам…Понекогаш ми доаѓа да заплачам кога ќе погледнам во каква состојба е нашата држава. Секој ден се надевам дека некогаш ќе биде подобро. Се будам, но сфаќам дека сум сонувал само уште еден сон кој нема да се оствари. Сонувам како фрижидерот е полн со намирници кои ни обезбедуваат живот. Сите сме сложни. Мајка ми и татко ми забрзано одат на работа, за да не задоцнат.

Се будам од сонот и сфаќам дека доцнам на појадок, а за појадок буквално ништо. Татко невработен, седи на фотелја и ги слуша лагите на таканаречените политичари кои си ги купиле своите дипломи. Секој ден кажуваат нови лаги со кои на луѓето им ги перат мозоците. Братот, дипломиран физиотерапевт, е келнер во некој стар ресторан. Мајка ми е едниствената која не одржува во живот, таа е вистински столб на семејството. Таква е државата – со диплома од некој факултет да можеш да бришеш прашина. Воопшто нема работа бидејќи сите работни места се пополнети преку врски, доволно е само да однесеш пари и шише од некој скап пијалок и од понеделник си на работното место.

Девојките се угледуваат на спонзоруши и старлети, а момчињата на криминалци. Се повеќе има некултурни и безобрани луѓе, се разбира и необразовани. Кога утре би паднал по улица, никој не ми дошол да ми помогне, сите само ќе ме прескочат и одминат. Образовните институции личат на естрада – голи стомаци, кратки здолништа, пирсинзи, само уште микрофон недостига. Во мојата куќа не може да пројде еден ден без кавга.

Се позајмуваме за да вратиме долг и така во недоглед. А јас...јас стојам настрана и набљудувам. Сфаќам дека не можам буквално ништо да направам. Немоќен сум и мал. Никој не сака да ме сослуша…И покрај тоа, останувам позитивен, млад бунтовник кој верува во подобро утре. “


 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование