Јас сум мајка на три сина кои имаат 7, 4 и 2 години. 7-годишниот син е висок 140 см и на моменти се однесува како 15-годишник. Покажува агресивно однесување, авторитет и одбива да соработува. На училиште работи, учителката е многу задоволна, поставува прашања, активен е, но дома сѐ спротивно – одбива да пишува домашна, да вежба, се бунтува… Сето тоа го прави сѐ до моментот кога ќе види дека сум многу лута и дека мојата реакција ќе биде бурна, па тогаш почнува да работи, а некогаш глуми дека му е страв од мене. Само со мене се однесува чудно, дури понекогаш се обидува да ме удри. На моменти е како тригодишник и кога ќе се заигра, не знае да се врати во нормала. Некогаш кога го викам, не се јавува, занесен е. Не знам дали е во прашање некоја фаза во развојот или некоја друга психолошка промена. Дали е потребна стручна помош?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк