Син ми има три години и не зборува многу, само неколку зборчиња и основното – мама тато баба… Брои и на англиски и на македонски до 10, а ја кажува и азбуката. Кога сака, соработува со мене и мојот сопруг, а потоа си тера по свое. Го носевме на психијатар, ги направивме сите контроли кај неа и сѐ помина во најдобар ред, ми рекоа дека детето е добро, но треба многу да се работи со него. Но, како да работиме кога не соработува со нас, само некогаш кога самиот сака. По цел ден му зборувам, му пеам, редиме сложувалки (без проблем ги реди), но штом ќе ја комплетира сложувалката, се трга настрана и си зборува по негово (неразбирливо), па дури и брои. Прашањето ми е како да му помогнам, како да го надминеме ова?!
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк