X
 25.06.2017 Образование

Учениците во Словенија секој ден ќе имаат час по физичко

словенија

Словенија повеќе ќе вложува во спорт и во своите репрезентации бидејќи спортистите се вистински амбасадори на својата земја во светот, а наредната година ќе започнат проект за воведување на еден час физичко воспитување во нејзините основни училишта. Ова во вторникот го најави словенскиот премиер Миро Церар.

„Оваа година за спортот се планирани дополнителни два милиони евра, а еден од важните идни проекти на оваа влада е воведување на еден час дневно физичко воспитување за сите ученици во основните училишта“, вели Церар.

Словенскиот премиер и основач на партијата за модерен центар, со која победи на изборите во 2014 година е син на Мирослав Церар постариот, познатиот гимнастичар кој во дресот на поранешна Југославија во 60-те и 70-те години освојувал медали на олимписките игри и светските првенства. И мајката на Миро Церар, Зденка Церар била успешна гимнастичарка, па актуелниот словенскиот премиер наследил доста спортски гени од родителите, а во неговите младешки денови играл кошарка и фудбал.

Церар на состанокот на Националниот олимписки комитет соопшти дека неговата влада подготвува законски измени за да се овозможи побрзо вонредно натурализирање на странските врвни спортисти кои ќе можат да ги зајакнат словенечките клубови.

„Изразувам благодарност до сите вие кои работите за доброто на словенскиот спорт кој го носи името на Словенија во целиот свет. Спортото е навистина еден од најдобрите наши амбасадори“, вели Церар.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование