За туристи што сакаат да зујат, се отвора нов синџир на хотели. Храната и сместувањето се бесплатни, а хотелот се наоѓа во центарот на Белград. Не е потребна претходна резервација.
Сите пчели што се сами, сѐ што треба да направат е да одлетаат до ботаничката градина „Јевремовац“, да свртат лево и да ја најдат дрвената куќа полна со дупки. Секоја од овие шуплини е посебна просторија во која пчелите можат да се сместат.
- Хотелот за пчели и воопшто за инсекти е начин да им го вратиме сето она што сме им го зеле. Така на инсектите им обезбедуваме место каде што ќе ги остават потомците. За разлика од медоносните пчели, осамените пчели немаат инстинкт да го бранат гнездото и нема да ве боцнат - вели Јована Била Дубаиќ, доцент на Биолошкиот факултет во Белград.
Секоја пчела има своја соба
За време на нивниот краток живот, главната работа на овие пчели, покрај опрашувањето, е да обезбедат потомство.
Првата задача е да најдат безбедно место каде што ќе можат да направат гнездо и таму да ги положат своите јајца. Тие избираат тунели, шуплини во мртво дрво, трупци, а некои дури и копаат дупки во земјата. Таму прават „соби“ за потомството.
- Нивната стратегија е да им обезбедат што повеќе храна на потомците, да ги заштитат од патогени, паразити и студ. Тогаш тие умираат, а потомците го продолжуваат животниот циклус - вели Јована.
Извор:
ВВС
Фото: ВВС/Screenshot