X
 13.09.2024 Култура

Нова мини-серија на „Нетфликс“ ги воодушеви гледачите

Новата мини-серија на „Нетфликс“, која моментално е најгледана на платформата, ги воодушеви гледачите.

Заплетот на серијата „Совршениот пар“ (англ. Тhe Perfect Couple) ја следи Амелија Сакс, која треба да се омажи со човек од едно од најбогатите семејства во Нантaкет. Но, кога нејзината кума е убиена, свршеникот на Амелија и неговото семејство стануваат главни осомничени. Никол Кидман ја глуми Грир Гарисон Винбери, мајката на свршеникот.

Серијата комбинира елементи на трилер, романтични заплети и семејни тајни, обезбедувајќи напната и елегантна приказна. Има шест епизоди и е базирана на истоимениот бестселер на „Њујорк тајмс“, а гледачите се воодушевени.

Серијата е споредувана со „Големи мали лаги“, а многумина ја пофалија поради нејзината неизвесност и емоционална слоевитост.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура