X
 15.04.2019 Живот

Ако имате среќа...

1. Ако имате среќа, ќе останете сами. Сосема сами, кога никој нема да биде покрај вас, ќе мора да се потпирате на земјата и на себе.

2. Ако имате среќа и е вистинското време, животот ќе удри по вас за да ве разбие како орев и да ја добие јатката.

3. Ако имате среќа и е вистинското време, ќе ве боли. Толку ќе е болно што таа болка ќе ве принуди речиси да умрете, а потоа ќе ви помогне однатре да се преродите.

4. Ако имате среќа, ќе плачете. И ќе биде невозможно да ги задржите тие солзи. И преку нив ќе дојде ослободување, а потоа и вистински живот.

5. Ако имате среќа, ќе бидете ранливи. И никако нема да можете да го сокриете тоа. И тогаш ќе сфатите кој е покрај вас, а кој не е.

6. Ако имате среќа, нема да ги знаете одговорите на прашањата. И тогаш ќе мора да ги најдете самостојно.

7. Ако имате среќа, ќе се разочарате од луѓето, идеите, учителите и добрите волшебници. И кога ќе го преживеете тоа, ќе можете да го согледате реалниот свет.

8. Ако имате среќа и е вистинското време, нема да имате од кого да побарате совет. Баш никој. И ќе мора да пронајдете внатрешен компас.

9. Ако имате среќа и е вистинското време, ќе ви биде неиздржливо, толку што ќе морате да направите нешто или едноставно да се опуштите и да му дозволите на светот да направи нешто со вас.

10. Ако имате среќа, ќе изгубите, ќе бидете разочарани, издадени и уништени. Тоа „речиси“ ќе ви врежи на лицето брчки на мудроста. И искуството ќе остане со вас до крајот на животот.

11. Ако имате среќа, ќе останете без пари. И ќе морате да влезете во реални врски со луѓето, со кои порано сте можеле да бидете само ако платите.

12. Ако имате среќа, ќе стекнете многу пари, ќе ја разберете длабочината на очајот кога ќе се разбие илузијата дека среќата е во нив.

13. Ако имате среќа, далеку од тоа дека сите ќе ве сакаат. И ќе биде потребно да изградите внатрешен систем на вредности. А желбата да им се допаднете на сите ќе ве напушти.

14. Ако имате среќа, некој близок ќе се оттргне од вас. И вие ќе ја дознаете цената на моментите на среќа.

15. Ако имате среќа, ќе се соочите со саканите лице в лице. И ќе има две вистини. Нивната и вашата. И ќе почувствувате ѕвечкање на просторот меѓу различните светови кои едвај се допираат.

16. Ако имате среќа, ќе можете да го издржите сето ова. И ќе најдете начин да се трансформирате. Ќе ја доживеете таа внатрешна алхемија, која од болка создава убавина, од бес смирување, од страв остварување, а од радост инспирација. Вината и срамот ги чисти од душата како што чистачот го мете старото ѓубре. А лузните ги претвора во излези.

Автор: Аглаја Датешидзе
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот