Ресторан во германскиот град Хамбург одлучил да наплаќа влезница од 35 евра. Сопственикот на ресторанот ветува дека во овој ресторан се „јаде космополитски“, стои на веб-страницата на ресторанот. Влезницата треба да ги покрие трошоците за леб, путер и вода.
- Тие 35 евра се за резервација на место во најпозитивна смисла - вели сопственикот на ресторанот.
Тој објаснува дека ресторанот нуди и оброци по нарачка, па затоа е потребен овој минимален приход за ресторанот да не биде во загуба.
Од Здружението за заштита на потрошувачи посочуваат дека правно гледано, влезницата е дозволена и сопственикот не го крши законот. Гостите само треба да бидат претходно информирани за влезницата.
Инаку, предјадење со кавијар во ресторанот чини 80 евра, а главно јадење како јастог со спанаќ чини 120 евра.
Извор:
Fenix-magazin
Насловна фотографија: Pixabay