X
 03.09.2016 Култура

Подгответе бесплатна вечера во ресторанот на "IKEA"

Шведската светски позната компнија “IKEA“ отвора “Направете од ова ваш ресторан (“Do It Your Self Restauranrt“) во кој посетителите ќе бидат готвачи. Секој што присуствува на “IKEA Dining Club“ ќе биди во можност да готви оброк за максимум 19 пријатели под надзор на главниот готвач.

Според изјавата на “IKEA“ вечерите ќе диригираат интимно готвачко искуство во амбиент на домашна кујна и ќе бидат вистинска вечерна забава, каде посетителите ќе бидат домаќини на многу повеќе гости од обично.

 

бесплатна вечера во ИКЕА


Членовите на “Dining Club“ кои ќе успеат да резервираат место буквално ќе го превземат ресторанот, избирајќи нивно мени и дури и именувајќи го ресторанот по нив. Оние кои сакаат на своја рака да испробаат некој скандинавски рецепт, се исто така среќни, бидејќи може да избираат од широката палета на скандинавски класични оброци, веднаш штом менито е подготвено.

“Ние го отвораме “Dining Club“ за да ги зближиме луѓето во заедничко уживање на вкусен оброк од почеток до крај. Ова ќе се случи во средина која што го одразува амбиентот на домашна кујна, за да можат да бидат домаќини на вечерна забава за пријатели- изјави Ели Пниок, комерцијален менаџер за “Ikea Food“.

“Dining Club“ е лоциран во “Shoreditch“, источен Лондон, а своите врати ќе ги отвори на 10 Септември, а ќе работи до 25 Септември. Резервациите за бранч, ручек и вечера може да ги направите
онлајн, но бидете брзи местата брзо се полнат. Ова вечерно искуство е бесплатно за сите учесници.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура